Балкан
18. April 2017 - 10:19

Ужас пред Велигден: Малолетници брутално силувале дете

Полицијата во Суботица уапси тројца малолетници од 14. и 15. години, кои се сомничат дека претепале и брутално силувалае девојче стато 12. години.

Ова злосторство се случило пред Велигден, во едно село во Суботица, а девојчето ужасот го раскажало на својот татко, кој веднаш ја однел во болница и пријавил во полиција. Девојчето раскажало на полицајците дека се враќало од училиште кога една од другарките рекла да свратат на едно место каде ја чека другар. Девојчињата тргнале, а малолетничката не ни насетувала што ја чека кобниот ден.

Другарките станале и заминале и ја оставиле сама со момчињата, а тогаш без причина тие почнале да ја задеваат, ја претепале и силувале.

Девојчето имало удари по главата, нозете и рацете. Полицијата го истражува случајот, а момчињата се приведени.