Живот
20. November 2018 - 21:25

Ужас: Питбул растргна бебе старо 5 дена додека лежело во своето креветче

Питбул на Флорида растргнал девојче старо само пет дена. Семејното куче се качило во креветот и го нападнало бебетп кое потоа починало во болница.

Кога полицијата влегла во куќата го затекнале дедото на девојчето како очајно се обидувало да ја спаси внуката, давајќи и вештачко дишење.

Според зборовите на бабата, семејниот питбул скокнал на креветот кој се наоѓал покрај колевката, каде спиело бебето и почнало да ја каса.

Никој не бил во собата кога се случил нападот. Кога дедото влегол, затекнал ужасна глетка, и едвај успеал да го одвои кучето од детето. Кучето потоа е однесено во засолниште за животни, каде е еутанизирано.

Полицијата соопшти дека ги испитуваат сите околности за смртта на новороденчето, а случајот е прогласен за несреќен. Против членовите на семејството кои присуствувале на инцидентот пред недела дена, нема да биде покренато никакво обвинение.