УЖАС: Петмина мажи повикале девојка со пречки во развојот на роденден - Ја напиле, а потоа и силувале
Под сомнение дека во вторникот извршил обљуба над девојката С.П. (27) со пречки во развојот, новопазарската полиција ги уаспи Хасиб М.(45), Едиб М.(43), Асмир И. (20), Нухију Б. (28) и Едис Д. (29). Како што е соопштено силувањето се случило во домот на најстариот од нив, кој прославувал роденден.
- Девојката претходно тој ден била во посета на семејство во нивното соседство и кога тргнала кон дома, тие ја повикале да им се придружи на прославата и со нив да испие пијачка. Бидејќи се работи за девојка со пречки во развојот, таа се согласила, а тие ја однеле во соба и ја силувале, велат од полицијата.
Во средата наутрo, несреќната девојка случајот го пријавила во полиција, но не се сеќавала на деталите, ниту во која куќа точно се случило силувањето.
Сепак полицијата го пронајде објектот, во кој е затекнато едно од петте осомничени лица, а потоа се уапсени и останатите четворица. Се бранат дека не ја присилиле на секусални односи, иако станува збор за лице со посебни потреби, кое не можело трезвено да размислува во тој момент, а обвинителот случајот го окарактеризира како обљуба над немоќно лице.
На сите им е одреден притвор од 48 часа, при што ќе бидат сослушани во вишото јавно обвинителство, кое ќе одлучи што понатаму.
Од уапсените се земени ДНК примероци, како и примероци од крветот и останатите работи од собата каде е извршено силувањето.
Силуваната девојка неодамна останала без мајка, па живеела со таткото и братот во една од населбите во Нови Пазар.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци