Балкан
11. October 2015 - 14:18

Ужас: Не сакав да го убијам!- Мајката го тресела едномесечното бебе до смрт

Едита Барањи (23) од Врбас е уапсена под сомневање дека го убила своето едномесечно бебе Мирјана Милановиќ и и е одреден притвор од 48 часа, по што ќе биде приведена во обвинителството во Сомбор.

Едита заедно со сопругот и татко на бебето Горан Милановиќ (25) вчера утро околу 10 часот го донела своето едномесечно бебе без знаци на живот во Здравствениот дом во Врбас.

-Педијатарот веднаш констатирал дека бебето е мртво. Наложена е итна обдукција, која покажала дека бебето починало од насилна смрт, објавува српски Курир.

Несакав да го убијам

Едита во полиција изјавила дека немала намера да го убие своето дете.

-Не сакав да го убијам. Цела ноќ не сакаше да јаде, плачеше. Незнаев што да правам, па ја тресев малку повеќе, вели таа низ солзи.

Инаку Едита има уште едно дете, исто така ќерка, стара околу 2 години, со која немала никакви проблеми, додека по второто породување на 11 септември наводно паднала во депресија.

-Одев на лекар од кој добив некој лек. Ми рече дека тоа е постпородилна депресија. Се колнам дека не сакав да го убијам мојот ангел. Што ќе правам сега без неа!? Зошто ја тресев? Мислев дека ќе престане да плаче и дека ќе јаде. Леле, што ќе правам сега, говорела мајката во полиција.

Постојано се карале

Курир објавува неофицијално дека по обдукцијата на бебето не се пронајдени отисоци од давење ниту пак модрици по телото.

-Изгледа дека од тресењето детето доживеало потрес на мозокот, зошто тоа е бебче од само месец дена, вели извор.

Милановиќ синоќа не сакал да зборува со медиумите, a неговите тврдат дека двојката имала проблеми и постојано се карале. 

-Сите сме во шок. Мајката со сопругот и бебето вчера беше кај нас. Се беше во ред. Бебето беше добро и се однесуваше нормало. Што се случило во меѓувреме незнаеме. Како што разбравме, мајката утрото забележала дек анешто не е во ред со детето, дека не се буди и го повикала сопругот кој била на работа, вели роднина.

Истрагата за ова чедоморство е во тек.