Живот
13. February 2018 - 15:09

Ужас на венчавка: Го изговориле судбоносното „ДА“, а потоа слушнале вресок и започнал пеколот

Романтичното венчавање во Големиот кањон се претворило во вистинска трагедија кога недалеку од малденците се срушил хеликоптер во кој биле седум лица.
 
Во падот на туристчкиот хеликоптер загинале три лица, а четири се тешко повредени. 
Животот го изгубиле Беки Добсон (27), Џејсон  Хил (32) и Стујард Хил (30). 
 
Во близината на несреќата, еден млад пар го изговори судбоносното „ДА“. Во моментот кога еден на друг пред најблсиките пријатели и свештеникот се заколнале на вечна љубов слушнале стравична прашина, а потоа виделе оган и како од него излегува жена трчајќи, а позади неа уште една девојка која била цела во крв. 
 
Лајонел Даглас, кој присуствувал на венчавката на тоа место, рекол дека гледал со неверување како жена излегува од пламенот.
 
- Го земав својот телефон и зумирав за да видам дали можам да видам некого, а жената излезе од пламенот, рекол тој. 
 
Тој додал дека жената набрзо паднала на земјата и почнала да вришти. 
 
Другиот сведок, свадбениот фотограф Теди Фуџимото, рекол дека видел две жени кои преживеале. 
- Беше ужасно, а оние жртви беа запалени. Тоа е неизмерна болка, рекол тој