Балкан
13. July 2016 - 16:39

Ужас на улица: Моторџија се запали среде возење

Во сараевската општина Илиџа денеска попладне се запали мотор во текот на возењето.

Имено, како што потврди МВР на кантонот Сараево, моторот се запалил додека бил во движење.

Полициските патроли веднаш излегоа на местото на несреќата и ги испитуваат причините за овој несекојдневен настан.

За степенот на повредите на моторџијата засега нема информации.