Фудбал
14. December 2017 - 11:52

Ужас на српското дерби, татко со дете бегаше од хулиганите

Ден по 156.дерби фотографии од лице место го откриваат ужасот од однесувањето на навивачите. 

Србија е фрапирана од односот на хулиганите кои напаѓаа и родители со мали деца. Неофицијално повредени се 17 лица иако очигледно таа бројка е поголема.
Групата која го предизвикала хаосот според некои извори е од Нови Сад. Тие беа и претепани од навивачите на Партизан откако влегоа на нивната трибина а потоа соблечени и истуркани на атлетската патека каде ги презеде полицијата.