Живот
29. November 2018 - 22:49

Ужас на породување во Индија: Лекар пијан правел царски рез, детето умрело веднаш, а кратко потоа и мајката

Лекар во Гуџарат, западна држава во Индија е уапсен откако во пијана состојба извел царски рез, пренесува Би Би Си, повикувајќи се на локални медиуми.

Детето е прогласено за мртво по царскиот рез, а неговата мајка починала кратко по него.

Полицијата со алкотест утврдила дека лекарот бил пијан. Моментално полициајта истражува дали до смртта на мајката и детето дошло поради небрежност или поради други медицински компликации.

Лекарот ПЈ Лакани е постар лекар со големо искуство, пишува Би Би Си и додава дека се работи во државната болница Сонавла во последните 15 години.

Пациентката, Камини Чачи, дошла во болницата во понеделникот вечер откако добила породилни болки. Локалните медиуми јавуваат дека по царскиот рез на нејзиното семејство им било соопштено дека детето починало, а мајката обилно крвари.