Ужас на Медитеранот: Романка во шестиот месец од бременоста пронајдена обезглавена во својот дом во Шпанија
Романката Исабел Елена Радукану (36), инаку во шестиот месец од бременоста е пронајдена мртва во стан во Коста Бланка, а како што пренесуваат медиумите, нејзиното тело е пронајдено обезглавено.
Нејзиниот партнер Хуан Висенте го пронашол телоот во кревет кога се вратил дома од работа. Видел огромна рана на левата страна од нејзиниот врат.
Исабел живеела во Хатива, град во покраината Валенсија, со Висенте со кого и чекала дете, додека од претходната врска имала ќерка (8).
Според одредени информации, работела и како проститутка, но не се знае дали тој податок е поврзан со убиството.
Засега никој не е уапсен. Злоството ја потресе Хатива, па градоначалникот Рохер Серда прогласи ден на шалост.
Пријателката на Исабел, Магнолија Молинес Домингез, рече дека ќе се бори за правда и за вистината за нејзиното убиство.
„Ветувам дека на твојата ќерка ќе и ја дадеме сета љубов која ти и ја даваше. Од денот кога те запознав те засакав и ќе те сакам засекогаш. Почивај во мир моја драга, те сакам“, напиша таа на Фејсбук.
Ова страшно убиство се случи само ден откако еден маж ја уби својата парнерка во Албораја, на само 75 километри подалеку од Хатива.
Kurir.rs/Dejli mejl
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд