Живот
12. July 2017 - 21:11

Ужас: Деца се бањаат, а не насетуваат дека ги демнат 400 ајкули

Фотографот Шон Скот е шокиран од глетката која ја видел во водата кај плажата Ред блаф во западна Австралија.

Човекот не можел да им верува на своите очи кога ги здогледал двете ајкули од 3 метри како се приближуваат кон групата деца кои безгрижно се бањаат.

-Не сум видел досега толку близу да дошле до луѓето. Го управував својот дрон кога ги видов ајкулите како пливаат на метар - два од децата и се исплашив, рече Скот.

Децат си пливале на даските на само неколку метри од брегот кога им се доближиле ѕверките.

-Беше неверојатно да се видат тие дечиња како безгрижно пливаат на грб и вистинска е среќа што морските ѕверови не ги нападнаа, рече Скот.

Фотографот рече дека е среќен што во вистинско време се нашол на вистинското место и го забележал овој единствен момент во природата.

-Привилегија е да се видат тие ајкули во природното опкружување. Постоеше голема мамка која привлече стотина ајкули, но она што ме импресионираше бешто како луѓето и ајкулите коегзистираа едни покрај друуги, рече Скот.