Балкан
14. December 2016 - 18:40

УЖАС: 12-годишно дете запали бездомник, па ја шокираше полицијата со својата изјава

12 годишно дете кое заедно со уште двајца другари кои имале по 13 години во ноќта помеѓу вторник и средна околу 4 часот наутро го запалил бездомникот Д.Т (64) од Футог, а тешко го повредил неговиот пријате З.Т. Момчето на сослушувањето во полицја кажал дека не знае зошто го направил тоа.

Како што дознава српски Курир тој на сослушувањето пред шокираните полицајци рекол дека не знае зошто на бездомникот кој спиел прекриен со картони, фрлил запалени весници и додал дека така му дошло.

Затоа што се работи за 12 годишник тој после сослушувањето е пуштен до полиција, затоа што не подлежи на кривична одоговорност. На разговор во полиција биле и двајцата малолетници кои присуствувале на палењето и тие после изјавите се пуштени дома. Две од децата се од Нови Сад. додека треотото живеело во детското село во Сремска Каменица.

Другиот бездомник со иницијали З.Т. завршил во болница.