Македонија
2. December 2016 - 17:42

Утврдени приоритетните проекти за Југоисточниот плански регион во 2017 година

Советот за развој на Југоисточниот плански регион попладнево во Гевгелија ги утврди приоритетните проекти за 2017 година.

Со седницата раководеше претседателот на Советот, градоначалникот Иван Франгов, кој истакна дека на утврдената листа со која ќе се аплицира пред Бирото за регионален развој се наоѓаат претежно проекти од чија реализација бенефит ќе имаат граѓаните од три општини на регионот.

Во тек е, додаде Франгов, јавниот повик за прибирање предлог-проекти со специфични развојни потреби за кои ќе се инвестираат повеќе од 17 милиони денари, како и за развој на селата во 2017 година за што се планирани 8,5 милиони денари.

- Општините апликанти ќе добијат кофинансирање од Бирото до 50 отсто што е навистина голема поволност и можнот за реализација на проекти со специфични развојни потреби, истакна градоначалникот и ги повика општините од регионот навреме да поднесат проектни апликации, согласно пропишаните услови.