Македонија
18. December 2018 - 16:08

Утврден предлог законот за амнестија - нема помилување за организаторите, тепачите и тие со оружје

Телото за помирување го усогласи Законот за амнестија. Согласно предлогот, организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, оние кои носеле оружје како и службените лица кои ги пречекориле своите овластувања нема да бидат ослободени. Од амнестијата ќе бидат изземени и оние кои се обвинети за здружување поради непријателска дејност.

Сите обвинети за 27 април имаат право во рок од 5 дена да поднесат индивидувални барања за аменстија, а одлуката ќе ја носи судот.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на ставот дека не поддржуваат решенија кои нудат селективна правда.

Амнестијата можно е да влезе во собраниска процедура уште во текот на денешниот ден, а ќе се носи по скратена постапка.