Македонија
26. September 2016 - 12:56

Утврден идентитетот на застреланиот маж во Куманово

Утврден идентитетот на лицето кое беше пронајдено со прострелна рана пред станот на градоначалникот на Куманово. Според информациите до кои дојде Press24 станува збор за К.Т. од Куманово кој беше пронајден во зградата број 2 на улицата Васил Драгоманов. 

Покрај него бил пронајден и пиштол. Првичниот увид утврдил дека станува збор за оружје кое го поседувал со дозвола. Се уште нема информации за причините за немилиот настан.