Македонија
27. November 2017 - 23:30

Утврден идентитетот на еден од убиените во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство-Скопје изврши увид на  местото на убиството на двете лица што денеска попладне се случи во  менувачница во Кисела Вода, кај Чешма.

- Обезбедени се траги од лице место, како и видео надзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментов се преземат дејствија за идентификација на второто починато лице, информира Обвинителството.