Македонија
8. December 2015 - 8:35

Утрово температури под нулата - Скопје и денес прекриено со магла

Времето претпладне во Македонија биде магливо и студено со ниска облачност, а попладне ќе има делумно намалување и расчистување на маглата. Во повисоките места сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје слично време, магливо и студено. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе искачи до девет степени.

И во наредните два дена временска состојба ќе биде без поголеми промени. Во среда кон крајот на денот и во четврток ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините и опаѓање на температурата во останатите места.