Македонија
24. September 2021 - 8:18

Утрово студено, во текот на денот претежно сончево и потопло

Времето денеска наутро ќе биде студено, а во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневните максимални температури ќе се движат од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец со максимална температура до 24 степени.

Во текот на наредните денови ќе преовладува сончево време со значително повисоки дневни температури. До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Од вторник ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.