Утрово сончево и претопло - Попладне пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и јужните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степен, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во следниот период времето во поголемиот дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Овие процеси повеќе се очекуваат на планините во западните и јужните делови од земјава кои нема да бидат интензивни. Температурата нема значително да се менува, највисока ќе биде во четврток, во интервал од 31 до 38 степени, додека за време на викендот ќе биде малку пониска, од 28 до 35 степени. Потоа во почетокот на следната недела повторно ќе биде во благ пораст.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто