Македонија
26. January 2019 - 11:54

Утрово побеле и Гевгелија, сообраќајни проблеми нема

Снегот што утрово заврна во Гевгелија формираше незначителна покривка колку за радост на децата кои во овој регион ретко имаат прилика да го видат, но затоа, пак, за среќа на возачите не создаде сообраќајни проблеми.

На коловозите првично се формираше снежна покривка поради која сообраќајот за кратко се одвиваже во отежнати услови, но по благовремената интервенција на комуналната служба и ангажираната фирма „Карго рент“ кои излегоа на терен и расфрлија сол и песок, главните ообраќајници во градот се исчистија и моментно сообраќајот по нив се одвива нормално по влажни коловози.

Сообраќајни проблеми нема ниту на локалните и регионалните сообраќајници на кои не е пријавен застој или непроодност. Задолжените служби за чистење велат дека будно ја следат сотојбата и дека се подготвени за дејствување и при пообилни врнежи од снег, доколку дојде до нив.