Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
Најстудено утрово во Маврови Анови и Попова Шапка со нула степени, во Крушево и Лазарополе еден, Берово и Крива Паланка три степени, во Виница, Прилеп и Битола се измерени четири степени, пет во Штип, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Претор, шест Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Петровец, Охрид, Гевгелија.
- Утринава облачноста од запад започнува да се намалува, а во останатите делови е облачно. Понекаде и особено на југоистокот има појава на слаб повремен дожд и дува слаб променлив ветер, информираат од УХМР.
Времето денеска претежно облачно, по котлините претпладне ќе биде магливо, во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од пет до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко претпладне магливо и во делови од регионот со услови за појава на слаб локален дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука