Утрово најстудено во Лазарополе
– Утрово најстудено беше во Лазарополе, каде се измерени -1 степен. Според УХМР, нула степени се измерени во Маврово и Крива Паланка, два во Струмица и Демир Капија, три во Крушево и Куманово, четири во Виница, Битола и Тетово, пет во Охрид, шест во Претор, Прилеп и Скопје, седум во Гевгелија и 10 степени во Дојран.
Зголемна ниска облачност утрово се бележи кон истокот од државата. Магливо беше во Крушево, Струмица и Демир Капија, а магла имаше во Ѓуриште во Светиниколско.
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, понекаде со слаба магла претпладне. Ќе дува слаб до умерен север ветер. Температурата ќе се движи од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со краткорајно умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.
Од недела, како што најавуваат од УХМР, ќе следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. До среда ќе дува претежно јужен до југоисточен ветер и утринските температури ќе се позитивни. Од среда ќе започне да дува северен ветер што ќе предизвика и пад на температурата. дма/
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција
-
Оштетена пратеничка канцеларија
-
Најавена тужба за клевета
-
МОН бара решение како основците да не учат во сабота
-
Ученик претепал наставничка
-
Лабораторијата без кадар, Токсикологија во хаос!
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори