Македонија
7. March 2021 - 8:44

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени

Утрово во голем дел од земјата се измерени температури под нулата. Најстудено било на Попова Шапка, каде се измерени -10 степени, потоа Крива Паланка -8, Берово – 7, Маврово – 6, Крушево -5. Во Скопје е измерен 1 степен над нулата, а најтопло било во Дојран каде утринската температура била 4 степени и Гевгелија 5 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.