Утрово Куманово најзагаден град во Македонија
Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија. Нивото на ПМ десет честичките во моментов се неколкукратно зголемени и изнесуваат 242 mg/m3. Синоќа, пак беа уште повисоки и се движеа од 411 до 380 mg/m3. Во доцните вечерни часови во Куманово мирисаше на чад, но се ширеше и специфичен продорен мирис.
Граѓаните бараат бараат од властите засилени инспекциски контроли. Претходно во неколку наврати во годината, општината изврши аеросолизација еден од методите со кои се намалува арозагадувањето. Во изминатите денови ЈП „Чистота и Зеленило“ ги миеше улиците во ноќните часови, што е исто така е дел од мерките за намалување на загадувањето.
Меѓу итните вонредни мерки е и садење садници и засилени инспекциски контроли, што на една од седниците ги донесоа советниците, а се почесто се барање на граѓаните. Изминатиот период беа засадени садници на повеќе локации во населната „Карпош“ и „Тоде Мендол“. Но, и покрај овие преземени краткорочни и среднорочни мерки за намалување на аерозагадувањето, Куманово синоќа беше најзагаден град во Македонија.
Според стручните и граѓаните, гасификацијата на домаќинствата и големите потрошувачи е клучна за намалување на аерозагадувањето. Општината субвенционира 10.000 денари за секое домаќинство кое ќе се приклучи на мрежата, а според последните најави на Министерството за здравство и болницата каде што е лоцирана мерната станица, ќе се гасифицира.
Ново на Сител
-
Нов снег, проодни сите патишта во општина Кавадарци
-
Нова снежна покривка во Пијанечко-малешевскиот регион
-
МФ: Повратот на ДДВ во јануари натфрлен за 16,8 проценти во однос на лани
-
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир
-
Силна бура ја погоди Хрватска - ветер од 176 километри на час, контејнери летале по патиштата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се провидни и граѓаните веќе ги имаат разоткриени
-
Претседателот Иванов ги додели сертификатите на учесниците на 10. Школа за млади лидери
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои