Балкан
14. December 2016 - 12:35

Утрово цело село во шок - мештаните се собираат да го видат чудото на природата

Во селото Грачаница во Тузла, од утринава се собираат мештаните за да ја видат чудната птица која сама им слетала. Селаните велат дека во тој крај никој не ја видел таа птица, иако живеат таму со години и години.

- Имам 72 години и до сега во животот не сум ја видел оваа птица. Постојано сум во природа, гледам многу животни и птици, но ова е прв пат да вииме ваква. Гледавме на Интернет, вакви виови птици има само во Кореја, никаде на друго место. Навистина сме зачудени, вели Хасиб Муладавиќ од селото.

Старецот, како што пишува Аваз, слушнал дека кога нови видови птици ќе се појават во шума, следи промена и на шумата.

Селаните цел ден се собираат да ја видат птицата која е вистинска атракција.