Македонија
9. December 2017 - 8:58

Утрото сончево со мала облачност, попладне дожд

Времето во западните делови во текот на ноќта беше променливо облачно,  а во источните делови од земјата на повеќето места имаше мала до умерена облачност со слаб јужен ветер.  По одделни котлини имаше појава на слаба магла. Во текот на изминатите 24 часа немаше врнежи.
 
Најстудено било во Берово со измерени минус шест степени, во Струмица и Скопје Петровец се измерени минус четири, минус три во Гевгелија и Демир Капија, минус два во Штип, Куманово, Скопје, Крива Паланка и Битола, нула во Тетово, еден во Крушево, два во Виница, Ѓуриште, Прилеп и Маврово, три во Тополчани, Дојран, четири во Претор и Охрид до пет степени во Дебар и Пожаране.
 
Времето претпладне ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и на планините ќе поминуваат во снег. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер.
 
Минималната температура ќе се движи од минус два до четири, а максималната од седум до 14 степени.
 
Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачноста, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела ќе има услови да поминуваат во дожд и снег. Но ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
 
Максималната температура се очекува да достигне до13 степени.
 
В недела претпладне во западните и северните делови ќе има повремени слаби  врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места.
 
Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.