Македонија
20. January 2016 - 8:30

Утринската температура до минус 15 - Благ пораст во наредните денови

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус четири, а дневната од минус еден до пет степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната ќе се искачи до три степени.

И во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под минус 10 степени, а дневните до четврток ќе бележат тенденција на благ пораст.