Македонија
5. December 2018 - 14:15

Утринава Горан Стефановски беше кремиран – во понеделник комеморација

Во понеделник на 10 декември во Драмски театар во 12:00 часот е закажана комеморацијата за македонскиот драмски писател Горан Стефановски.

Тој утринава беше кремиран во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.

Горан Стефановски почина на 27 ми ноември на 66 годишна воздраст.