Утре завршува рокот за доставување барања за субвенции за задругите
До утре трае рокот за доставување барања за основање и работење на земјоделските задруги.
Во првата година од основањето задругите вимаат право за директорот и еден агроном или ветеринар да побараат субвенции во висина од една месечна просечна плата.
Финансиската поддршка е неповратна, а средствата се предвидени за основањето и за работењето на регистрираните земјоделски задруги.
Субвенциите за осигурителните полиси за задругарите се повисоки и изнесуваат од 70 до 80 проценти во зависност од големината на задругата, но не повеќе од три милиони денари годишно.
Барањата се доставуваат секои три месеци, а првиот рок е до 15 април годинава.
Досега во Македонија се запишани 29 земјоделски задруги од кои 24 од мал и пет од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.
Ново на Сител
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто