Утре во Скопје пристигнуваат вакцини од Грција
Вакцините кои Грција ги најави за Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, дознава дописничката на МИА од Атина.
Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од Астра Зенека.
На почетокот на месецов, Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, откако претходно, министерот за здравство Венко Филипче откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.
Од Атина, денеска за Албанија беа испратени 20.000 вакцини Астра Зенека, а утре наутро ќе пристигнат и во Скопје.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање