Утре во Скопје изменет сообраќаен режим
Утре (30.05.2023) со почеток во 08.00 часот, Министерството за внатрешни работи во координација со Амбасадата на САД ќе спроведе вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“ на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба за сообраќај ќе биде затворен и бул.„Никола Карев“ на потегот од ул.„Македонско- Косовска бригада“ до ул.„8-ми Септември“, како и ул.„Македонско- Косовска бригада“ на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди“ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Илиоски со прва победа на Европското првенство во маитаи во Анталија
-
СВР Скопје за видеото во кое лице напаѓа случајни минувачи, познаници се скарале, па се смириле
-
Исчезна 17 годишна девојка во Белград: Се јавила од автобус и оттаму ѝ се губи трага, непознат маж се јавува на нејзиниот телефон
-
МВР: 22-годишната девојка се вратила во домот
-
Лице напаѓа случајни минувачи кои ќе ги затекне во Ченто | ВИДЕО
-
Судот во Урошевац му одреди 40 дена притвор на „нарко-баронот“ Гзим Чеља
-
Во пожар во куќа во Кичево починал нејзиниот сопственик, опожарени возила во скопски Аеродром
-
Во Косово уапсен „нарко-баронот“ Гзим Чеља, баран од органите во Албанија и Италија