Македонија
28. November 2021 - 16:36

Утре во 14 часот средба Заев - Гаши

И додека преговорите се во тек од СДСМ велат дека се подготвени на Алтернатива да и отстапат дел од министерствата и директорските позиции, бидејќи во овој момент најважен е напредокот на земјата, а не ресорите.

И СДСМ и ДУИ и денеска тврдат дека мнозинството е стабилно и составено од 61 пратеник, но не откриваат кој е новиот народен избраник кој им се приклучува, откако по неуспешниот обид за гласање недоверба на владата стана јасно дека силите помеѓу власта и опозицијата во Собранието се изедначени со по 60 пратеници.

Слично како Груби вчера, денеска и Османи тврди дека не е време за дестабилизација на Владата.

Кој е 61-виот пратеник информации нема ниту лидерот на опозицијата. Мицкоски вели дека понижувачки се обидите на ДУИ да ги држат Заев заробен на премиерската функција и токму затоа останува на ставот дека брзи предвремени избори се единствен излез од политичкиот ќор-сокак.

Како политички некорена Мицкоски ја оцени и одлуката на СДСМ внатрепартиските избори да се одржат на 12 декември, во ист ден кога и ВМРО-ДПМНЕ закажа конгрес за избор на нов претседател.  

Во меѓувреме во владејачката партија тече рокот за поднесување кандидатури. Засега заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски е единствениот член кој потврди дека влегува во оваа трка. Тој денеска во интервју за МИА вели дека е подготвен да ја превземе одговоноста која ја носи лидерската функција, но не прецизира дали тоа ќе значи дека ќе биде и нов мандатар. Смета дека кој и да го предводи владиниот кабинет, промени за поголема ефикасност мора да има.