Македонија
5. јуни 2016 - 21:12

Утре топло и нестабилно - Очекувајте пороен дожд и засилен ветер

Времето утре претпладне во источните делови ќе биде нестабилно, а од пладне променливо и нестабилно ќе биде на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни.

Температурата ќе се движи од 20 до 31 степен.

Во Скопје и околината слично време со температура до 29 Целзиусови степени.