Македонија
13. December 2016 - 21:13

Утре температурата ќе падне до -12 степени

Утрешниот ден ќе ни донесе студено утро со минимална температура, која на места ќе падне на -12 степени.

Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Стабилното и сончево време продолжува и во наредните денови.