Loading Video...
Фудбал
9. August 2019 - 19:52

Утре стартува новата фудбалска сезона во мак-фудбалот

Утре во терминот од 17.30ч стартува домашното фудбалско првенство и оваа сезона со 10 екипи и истите правила од минатата сезона.

                Она што е карактеристично е што нема да има поместување на термините по слабото издание на македонските екипи на меѓународната сцена. Ниту Шкендија во ЛШ ниту Шкупи, Македонија ЃП и Академија Пандев во ЛЕ не ги минаа прелиминарните рунди.

                Затоа со нетрпение ги очекуваат дуелите со локалните ривали.  Дербито се игра во Струмица каде шампионот Шкендија ќе гостува кај  освојувачот на купот Македонија ЃП.

                Во Тетово внимание привлекува пресметката помеѓу старите ривали Ренова и Силекс  додека на брегот на Охридското езеро во дебитантското претставување во Првата МФЛ екипата на Трим Лум го пречекува Работнички.  Борец кој од оваа сезона е нов прволигаш ќе гостува кај Шкупи на Чаир.  Единствено скопската пресметка помеѓу Вардар и Македонија ЃП е поместена  за недела.