Утре стартува домашниот фубалски шампионат
Утре стартува 27. Фудбалско првенство на Македонија. Титулата ја брани екипата на Шкендија а нови членови на елитата се Беласица и Македонија Ѓорче Петров. Се очекува интересна битка за врвот но и за опстанок.
Фаворит број еден според секако е шампионот Шкендија која успеа да ја задржи екипата што доминираше минатата сезона во домашниот фудбал а игра успешно и на меѓународната сцена.
Веднаш тука е и нашиот најтрофеен клуб Вардар кој направи многу промени во тимот и затоа фановите на црвено-црните немаат јасна слика за потенцијалот на црвено-црните. Првиот пресек се очекува по дербито со Шкендија во Тетово уште во првото коло.
Исто како и Вардар и градскиот ривал Работнички направи големи рокади во тимот. Според изјавата на искусниот стратег Ѓоре Јовановски овој тим е посилен од ланскиот кој обезбеди учество во Лига Европа.
Своите шампионски амбиции не ги крие и Шкупи екипа која успеа да го засили ростерот и имаше солиден настап во Лига Европа. Спој на искусни домашни играчи и интернационалци.
И Силекс е со подновен тим со 12 нови играчи во новата сезона. Жикица Тасевски првиот стратег на кратовчани изјави дека Силекс е клуб со амбиции и така ќе биде и оваа сезона,место во фудбалска Европа.
Ова е петорката од врвот од минатата сезона. Се очекува останатите екипи да се борат за опстанок. Тука е стабилниот прволигаш Ренова, потоа Академија Пандев, Победа, Македонија Ѓорче Петров и Беласица. И оваа сезона ќе се игра четирикружен систем со 36 кола.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар