Македонија
25. July 2021 - 18:03

Утре сончево и топло со температури до 38 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност и во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд, понекаде со ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ идексот ќе биде 8.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст. Oсобено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите долж Повардарието понекаде ќе надминуваат 40 степени.