Македонија
2. January 2017 - 11:51

Утре снег во Македонија

 
Утре и во среда почнувајќи од западните и северозападните делови  ќе има  локални врнежи од дожд и снег. Значителна промена на времето се очекува од четврток кога поради изразено северно воздушно струење, ќе биде студено со врнежи од снег и засилен, повремено силен северен ветер.
 
Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините  и до 50 цм, а поради силниот ветер на места ќе има и снежни наноси.
 
Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски и насекаде  ќе бидат под нулата .