Македонија
6. May 2017 - 17:53

Утре силен ветер: Од понеделник дожд

Утре ќе се врати повремено силниот западен ветер и ќе биде и нестабилно на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава.

Позначително, но не и подолготрајно спуштање на температурата се очекува од среда.