Бизнис
16. July 2017 - 17:16

Утре ребаланск на буџетот - Опозицијата поднесе 700 амандмани

Утре стартува собраниската расправа за ребалансот на буџетот.  Забелешки на  прекројувањето како да се трошат државните пари, најмногу имаат пратениците од ВМРО ДПМНЕ.  Поднеле над 700  амандмани, меѓу кои  бараат да се обезбедат пари за изгрдба на првата фаза од автопатот Кичево Гостивар, гасовод од Скопје до Тетово и Гостивар, субвенции за печки на пелети, за системот капка по капка, гасификација на Скопје, магистрален гасовод Битола, Ресен, Охрид, Струга, ваучери за Ит опрема за студенти, стипендии за средношколци и слично, дознава Сител . Од партијата додаваат дека има и амнадмани кои се однесуваат на главниот  град – како изградба и реконструкција на училишта, набавка на електрични минибуси и автобуси и изгрдба неколку клучни обиколници за полесен проток на сообрќајот

Со ребалансот , власта  вети кратење од сите  непродуктивните трошења, како пари за промоции, службени патувања, реклами во странство, набавки на мебел, службени возила. И расходанта и приходна страна се кратат за 3 милијарди денари, односно по 49 милиони евра . Се крати и од предвидената  сума за капитални инвестиции. Премиерот Заев ветува дека  пари ќе има за сите почнати проекти

Заштедените пари ќе бидат насочени во стопанствотои и граѓаните. Сите ветени проeкти пред изборите, ќе бидат реализирани, вели Заев. Но, за експертите, овој ребаланс нема да ги реши приоритетите. Очекуваат наесен да има нов  ребаланс

Со ребалансот дефицитот останува ист ,  2,9%. , а растот на економијата е намален на 2,2 отсто. Се очекува овој ребалас да биде усвоен од Собранието пред Илинден.