Утре протест за случајот „Монструм“ во Скопје - ќе бидат блокирани повеќе улици
Повеќе улици во главниот град утре ќе бидат затворени за сообраќај поради најавен протест за случајот „Монструм“ со почеток од 13 часот.
На 26.02.2021 (петок) со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест којшто ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, Собрание на Република Македонија на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на Република Македонија на бул. „Илинден“. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:
ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“, ул. ,,11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација