Македонија
25. March 2021 - 12:48

Утре протест во Скопје: Почнува во Чаир, завршува пред Влада

Утре сообраќајот во главниот град ќе биде со посебен сообраќаен режим заради најавен протест.

Протестот ќе започне од паркот во Чаир во 13:30 часот, а ќе продолжи кон Владата на Република Македонија.

Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.