Утре променливо облачно со локален дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 22 степена.
Според УХМР, до среда ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утре и во вторник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од четврток се очекува постабилно и значително потопло време.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево