Македонија
14. May 2021 - 18:19

Утре пристигнува донација од 100.000 вакцини од Кина

Утре наутро во Македонија пристигнуваат уште 100.000 дози кинески вакцини против коронавирусот.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со министерот за здравство, Венко Филипче утре во поликлиниката „Јане Сандански“, пред складиштето за вакцини во 09:00 часот, ќе ја примат донацијата од Министерството за одбрана на Народна Република Кина од  100.000 вакцини.