Македонија
29. March 2016 - 23:01

Утре прекин на сообраќајот Кичево - Охрид

На патниот правец А2 Кичево - Охрид на делот помеѓу Пресека - село Врбјани утре меѓу 13 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин, соопшти АМСМ.

Причина за прекинот кој ќе трае 15 - 20 минути, е изведување работи на пат.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.