Македонија
13. July 2020 - 11:40

Утре пониски утрински температури, во петок и сабота нестабилно со пороен дожд

Сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура, најавува УХМР за следните денови. Но, утре, како што соопшти, се очекуваат пониски утрински температури, а во попладневните часови и услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Според УХМР, во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите од утре до недела ќе се движат од минимални девет до максимални 34 степени.