Македонија
1. December 2022 - 12:49

Утре појава на магла и ниска облачност по одделни котлини

– Од утре и во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Минималните температури ќе бидат во интервал од -1 до 6 степени, а максималните од 6 до 13 степени.