Македонија
25. February 2020 - 16:32

Утре почнува увид во избирачкиот список и рокот за собирање потписи за независни листи

Од утре па до 11 ќе се врши увидот во Избрачкиот список за изборите на 12 април. Според последните податоци на списокот се запишани милион 817 илјади 28 избирачи. Проверката може да се направи преку веб страницата на ДИК или пак, подрачните единици. На денот на изборите ќе можат да гласат само запишаните граѓани со исправни лични карти и пасоши.

Од утре исто почнува да тече и рокот за собирање на потписи за независна кандидатска листа. Потписите можат да се собираат во подрчните единици на ДИК или пак, пред овластени нотари. За да биде прифатена кандидатурата потеби се 1.000 потписи.

Од друга страна, партиите предизборно прават свои комбинаторики. Неофицијално веќе се договара колаицијата межу СДСМ и БЕСА иако официјално партиите молчат.

Од БЕСА ПАК, велат дека утре на централно претседателство ќе одлучуваат по понудата на СДСМ дадена во меѓупартиските разговори, потоа се очекува и средба на лидерите Зоран Заев и Билал Касами. Заев минатата недела побара соработка и со ДПА на Мендух Тачи, но засега тоа нема резултат.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат пак, коалиција со албански партнер може да се прави по изборите на 12 април.

Партиите треба да излезат со своите кандидатски листи најдоцна до полноќ 12 март, еден месец пред изборите.