Македонија
26. May 2017 - 16:51

Утре почнува полагањето за државната матура - Екстерното останува во неизвесност

Продолжува неизвесноста за екстерното тестирање. На 10 дена до предвидениот старт на проверката на знаењето, учениците не знаат дали треба да се подготвуваат за тестирањето кое почнува на петти јуни. Од СДСМ тврдат екстерното ќе се укине на првата собраниска седница која планираат да се одржи за неколку денови. Според Министерот за образование пак измената на законот со кој се регулира екстерното, треба да се прави во консултација со правниот сектор и правните експерти.

Деканот на Правниот факултет Јустинијан први смета дека наместо укинување, потребно е пронаоѓање нов модел за спроведување на екстерното тестирање.

Екстерното тестирање е во фокусот и на Народниот правобранител. Тој вели дека ваквата проверка на знаењето е кршење на правата на учениците.

И покрај неизвесноста за одржувањето на екстерното, Државниот испитен центар веќе ги објави прашањата за проверка на знаењето на учениците кое планирано е да се одржи од петти до девети јуни.