Утре пет часа без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река
Утре во периодот од 9:50 до 15 часот без електрична енергија ќе бидaт корисниците на целото дебарско конзумно подрачје.
– Заради годишно испитување на електричната заштита од регулациониот 110/35 киловолтен трасформатор во Хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, истиот ќе биде исклучен од мрежа. Целото дебарско конзумно подрачје ќе остане без напојување со електрична енергија на 13 октомври (среда) во период од 9:50 до 15 часот, потврдија за МИА од А.Д. ЕСМ.
Ос таму додаваат дека времето на застојот е обезбедено и одобрено од страна на ЕВН во координација со граѓаните и поголемите потрошувачи на електрична енергија од овој регион.
Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа над дванаесет илјади потрошувачи.
Ново на Сител
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика