Македонија
30. October 2015 - 13:56

Утре од 5 до 18 часот затворен патот од Градско до Неготино

Поради снимање на францускиот филм „А Фонд”, утре од 5 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, информираат од АМСМ, повикувајќи се на известувањето од Мануфактура продукција.

Во недела нема снимање и сообраќајот ќе се одвива нормално. 

Сообраќајот на автопатот А1, од мотелот „Македонија“ до Градско, поради снимањето на филмот, денеска од 5 до 18 часот се одвива по стариот пат.